Владата ја изедначи акцизата за црвената нафта со онаа на дизелот

Изедначувањето на цената на екстралесната нафта со цената на дизел горивото деновиве е жешка тема во јавноста

24

Владата вчера ја изедначи акцизата на таканаречената црвена нафта со акцизата која се пресметува за дизел горивата.

Како што се вели во соопштението од вчерашната владина седница беа донесени изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво и на тој начин да се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена.

Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати, се вели во соопштението од седницата на Владата.