Владеачката коалиција во Германија реши да ја намали работната сила од Балканот

14

Владејачката коалиција во Германија – ЦДУ/ЦСУ планира да ја намали понатамошната миграција на работна сила.поради растечката невработеност која ја предизвика Ковид-19, по одлуката од 2016 година за олеснувања за граѓаните од Западен Балкан.

Особено на удар ќе биде неквалификуваната раборна сила од Западен Балкан, за која исто така имаше олеснување за добивање работна дозвола изминатиот период.

Но исто така и на градежни работници, медицински сестри, готвачи, келнери од Балканот би можело во иднина да им биде многу потешко да најдат работа во Германија.

Правилото за работниците од Западен Балкан е воведено пред пет години како емигранти од безбедните земји на потекло, а целта беше тоа да се направи на сметка на масовната миграција преку системот за азил.

На први јануари 2019 година во Германија се регистрирани 102.052 македонски државјани.