Владимир Панчевски повеќе не е судија, судскиот совет го разреши на затворена седница

4

Владимир Панчевски, суспендиран судија за прекршоци и поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1, денеска е разрешен од судиската функција.

Одлуката на Советот не е правосилна, Панчевски има право на жалба. Поради тоа, официјална информација за ова, како и за сите разрешувања на судии во принцип, нема да има.

Членови на Судскиот совет неофицијално брифираат дека денеска Панчевски е разрешен со мнозинство од нивните гласови.

Во меѓувреме, во Основниот суд Велес не може да почне судскиот процес по обвинение на Скопското јавно обвинителство против Панчевски, за манипулации на АКМИС-от и рачно распределување на предмети кај судии по негов избор.

Во Судскиот совет е разрешен за нестручно и несовесно работење како судија.