Владите на Косово и Албанија со заедничка седница во Приштина

0

Косово и Албанија денеска ќе одржат заедничка владина седница во Приштина на која се очекува потпишување на нови меѓудржавни договори и разгледување на можностите за унапредување на оние кои веќе се постигнати.

Ова е осма заедничка седница на двете влади, по која се очекува косовскиот премиер Албин Курти и премиерот на Албанија – Еди Рама да одржат прес-конференција.

Првата седница на двете влади се одржа на 11 јануари 2014 година во Призрен, а последната беше во Елбасан во ноември 2021 година.