Власта денес ќе маршира до судовите и ќе бара правда

7

Власта денеска попладне организира марш под името „Чекориме за правда“ од Собранието до комплексот судови што ќе започне во 18 часот.

Ваквата иницијатива се засили откако вчера беше изгласан Законот за јавно обвинителство со потребното двотретинско мнозинство, односно со гласовите на 80 пратеници.

Од судовите ќе се бараат конечни правни разрешници за предметите на поранешното СЈО.

„Приклучете се кон Маршот „Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа Законот за јавно обвинителство, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот!

Се гледаме утре во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда!“, се вели во повикот.