Власта преку законски измени ќе го ограничува правото на протест?

10

Предлог-измените на Законот за јавни собири (Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните собири) веќе пристигнати во Собранието предвидуваат нови правила за остварување на уставното право за јавно собирање, кои подразбираат нови ограничувања во остварувањето на ова право.

Поконкретно предлог измените подразбираат промена на досегашната потребна минимална бројка за одржување на јавен собир, 20 граѓани, која се зголемува на најмалку 50 граѓани.

Понатаму се воведува дополнителна регулатива според која Јавен собир заради мирно изразување на мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен: (што претходно не беше случај)

на други места од витално значење за непречено одвивање на сообраќајот (тунели, премини на пат преку железничка пруга, мостови, надвозници, подвозници, гранични премини, пристап до гранични премини и крстосници);
– во седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив, како и резиденцијалните и репрезентативните објекти и околниот простор што им припаѓа на органите на државната власт на Република Северна Македонија;
– во седиштата на странски дипломатско-конзуларни преставништва и нивни резиденции и
– во објекти и простори кои се од посебно значење и интерес за безбедноста на Република Северна Македонија.

Се ограничува и времето на одржување на јавните собири – од 6 часот наутро до 23 часот навечер

Во претходниот пречистен текст Закон за јавни собири истиот Член 2-а гласи:
Јавен собир заради мирно изразување на мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен:
– до здравствени установи, на начин кој го оневозможува пристапот на возила на брза помош и го нарушува мирот на болните,
– до детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив и
– на автопатишта и магистрални патишта, на начин со кој се загрозува
патниот сообраќај

Член 21 од Уставот гласи – „Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба“.