ВМРО-ДМПНЕ поднесе иницијатива до Владата за итна ратификација на протоколот за членство во НАТО

9

Со иницијатива до Владата – најголемата опозициска партија бара во најскоро време до Законодавниот дом да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членство во НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ предлогот на нивниот лидер, да се изгласа ратификацијата со одложено дејство, по примерот на Црна Гора, го преточи во иницијатива. Со ваквиот чекор според ВМРО-ДПМНЕ треба да се запре евентуално одложување на предвремените парламентари избори.

„Ваквата постапка е пракса која што во Северно-атланската Алијанса е воведена при зачленувањето на Црна Гора во НАТО. Тогаш во април 2017 година, Парламентот во Подгорица предвремено ги ратификуваше овие документи, а ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО од страна на Холандија и Шпанија се случи еден месец подоцна во мај 2017 година.“ – изјави Никола Мицевски – ВМРО-ДПМНЕ:

На иста бранова должина со најголемата опозициска партија од македонскиот блок е и Алијансата за Албанците. Според претседател на партијата, Зијадин Села – ратификацијата треба да се најде на дневен ред на следната собраниска седница на 11 декември. Според власта, пак лицемерно е однесувањето на опозицијата. Од СДСМ велат се против предвремена ратификација, и уште еднаш повторуваат оти се убедени дека шпанскиот парламент ќе успее да го ратификува протоколот навреме.

За предвремената ратификација наПротоколот ќе одлучува Владата- Собранискиот спикер Талат Џафери веднаш ќе ја препрати до Владата, вели Владата, а не Собранието е надлежна за постапување по иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.