ВМРО-ДПМНЕ: Ако губитникот Заев освоил многу гласови, тогаш ајде на избори

3

Губитникот Заев ја зема во заложништво цела држава за да се спаси од одговорност, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес е 04.11.2021 година, четврти ден откако Заев кажа дека поднел оставка, а таа не е ниту доставена до собранието, ниту се знае кога и дали ќе биде доставена. Заев излажа. Дали Заев, исто како и Филипче претходно само сака да избега од одговорност и го амортизира незадоволството на народот, за подоцна да рече дека нема да се повлече? Заев ја турка државата во неизвесност со своето делување да ја зачува фотелјата по секоја цена. Народот го детронизираше Заев. Заев нема кредибилитет и легитимитет. Заев треба да си замине, но не само тој, туку и целата структура со него,

Од таму додаваат потребна е оставка на Заев и нови парламентарни избори час поскоро.

-Само со нови избори ќе се преслика волјата на граѓаните во собранието, по што ќе се формира влада која ќе има чиста основа за реализирање на реформи и проекти. Заев да не ја држи државата заложник и да си даде оставка веднаш, а потоа нови брзи предвремени парламентарни избори, велат од партијата.