ВМРО-ДПМНЕ бара време да се изјасни за маски на отворено и гости на слава

13

Мерките за заштита од пандемијата на коронавирус, предложени од Владата на препорака на Комисијата за заразни болести, не се најдоа на дневен ред на денешната собраниска седница, бидејќи опозициската ВМРО-ДПМНЕ побарала време да ги разгледа, објави државната агенција МИА.

Станува збор за мерките за носење маски на отворено и забрана за повеќе од четворица гости, кои министерот за здравство Венко Филипче ги најави уште на 8 октомври, но не можеа да бидат спроведени, бидејќи се потребни измени на Законот за заштита на населението од заразни болести.

За предложените законски измени сега би требало да се расправа на седница на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници позитивни на ковид-19 од мнозинството, Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ.