ВМРО-ДПМНЕ денеска со конвој од СЦ „Јане Сандански“ против поскапувањето на струјата

18

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи уште еден нов протест во низа против поскапувањето на струјата, а во 18.00 конвојот со возила од Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се упати кон Регулаторната комисија за енергетика.

„За Бислимоски 120 000 денари плата, за граѓаните поскапа струја. Протест со возила од СЦ „Јане Сандански“ до Регулаторната комисија за енергетика“, гласи повикот на најголемата опозициска партија во Македонија.

ОД РКЕ претходно демантираа дека нивниот претседател Марко Бислимовски има плата од 120.000 денари.

Од таму апелираат на почитување на мерките за заштита од Ковид-19, со носење лична заштитна опрема.