ВМРО-ДПМНЕ: Мислевме дека од патлиџан дипломатија не може подолу, ТВ презентерка и син на провладин аналитичар станаа конзули

15

СДСМ и ДУИ ја срамат Македонија на секој чекор. Именувањето на конзули во Њујорк и Чикаго е уште една потврда за тоа. Кога јавноста помисли дека од патлиџан дипломатија не може подолу, власта демантира, па на клучни позиции испраќа ТВ водителка и син на еден аналитичар, без никакво дипломатско искуство.

Именувањето на Бесмира Ујупи за конзул во Њујорк и Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу за конзул во Чикаго е скандалозно. Според кои критериуми овие лица добиле толку важни дипломатски позиции во САД?

Дали Петри Муслиу позицијата ја добил заради тоа што неговиот татко ревносно ја брани владата на ДУИ и СДСМ?

Дали ТВ презентерката Бесмира Ујупи се квалификувала за ваква позиција затоа што прочитала неколку вести од рубриката „Свет“?

Ова ли се „тешкашите“ во дипломатијата кои ги најавуваше мафијата на власт?

Пиунот Ковачевски и Бујар Османи должат одговори, но и одговорност за погубната дипломатија која ја водат. Не е ни чудо што и се случува на Македонија на меѓународен план, кога вакви кадри ја водат македонската дипломатија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ