ВМРО ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12-ти февруари

13

ВМРО ДПМНЕ ја бара подршката од сите пратенички групи, Парламентот да се распушти на 12 февруари. Иницијативата е доставена до сите пратеници. Нема да дозволат пролонгрирање на рокот. Законот за ЈО според нив ќе биде трет изговор за бегање од избори.

Иницијативата најверојатно ќе биде подржана и од ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСАТА на Албанците. Собранискиот спикер Талат Џафери неодамна за Телма изјави дека ако никој не поднесе предлог, тој тоа лично ќе го стори. Опозициските партии бараат да се почитува договорот од лидерската средба, во спротивно ќе го преиспитаат своето натамошно учество на вакви средби.

СДСМ остава простор за незначително одложување на распуштање на Собранието доколку се постигне договор за Законот за јавно обвинителство и Изборниот законик.

Законот за јавно обвинителство бил и тема на разговор и на претставниците на француското МНР со пратениците од СДСМ Туфегџиќ и Китев. На средбата им било порачано да се направат обиди законот да се донесе со консензус., преставниците од Франција може да ни кажат кое би било излезно решение, но тие не можат да ја преземат улогата на политичките партии. Одговорноста е кај сите, секогаш кај власта е поголема а опзицијата е таа која го кочи процесот,, рече Китев по завршување на средбата во законодавниот дом.