ВМРО-ДПМНЕ постави „бројчаник на Заев“ на порта Македонија

19

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на порта „Македонија“ во центарот на Скопје, постави транспарент со бројки, кои, според нив, ги покажуваат, како што велат, резултатите од несправувањето на власта со ковид пандемијата. По поставувањето на транспарентот, прес-конференција кај портата одржа партискиот портпарил Наум Стоилковски.

„Зад мене е бројчаникот на Зоран Заев, истиот оној кој што го ветуваше. 39.760 активни случаи на Ковид, и 1136 починати, ова е епилогот од неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справи со пандемијата. Бројчаникот кој го вети Заев, изгледа вака. Ова се бројки кои што ја покажуваат реалната слика со која што сите ние се соочуваме. Имаме вкупно 39.760 активни случаи на КОВИД и 1136 починати лица. Имаме 2 милијарди евра долг односно над 60% од БДП. Имаме нови 40.000 невработени лица од март до октомври и имаме вето за евроинтеграција на Македонија“, рече Стоилковски.