ВМРО-ДПМНЕ: Притисоците на Заев кон пратениците се потези на очајник

4

Притисоците на преварантот Заев кон пратеници се потези на очајник, граѓаните јасно кажаа дека се за промени и таа волја мора да се исполни. Преварантот Зоран Заев е изворот на кризите и проблемите во Македонија. Тој не може веќе да биде ниту решение. Неговото заминување е неопходно за подобро на Македонија, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Неговиот збор видовме дека не вреди, тој освен што е губитник е и класичен измамник.
Последните обиди за притисоци и непристојни понуди кон пратениците кои се потпишаа на иницијативата за гласање на недоверба на владата се само сламка за спас на Заев и екипата околу него. Тоа се потези на очајник, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека граѓаните јасно му порачале на последните избори дека се за промени.

-Заев не може да ја држи Македонија во заложништво заради фотеља и политичка кариера. Тие се веќе завршени. На народот му е јасно како бел ден дека со Заев и СДСМ на власт ќе продолжат да тонат во криза, економска, здравствена, енергетска. Мотивот на тие кои се потпишаа на иницијативата е да се исполни волјата на граѓаните.
Помина времето на лагите, заплашувањата и притисоците на преварантот Заев. Доаѓа времето нова власт да се справува со проблемите и да донесе нова и подобра иднина за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.