ВМРО-ДПМНЕ: Пропадната банка, над 12.000 инфицирани – доказ за неспособното владеење на СДСМ

8

Македонија тоне со Зоран Заев секој ден во секој поглед, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија истакнуваат дека бројот на заразени од корона надминал 12 илјади лица и потсетуваат дека тоа е за 6 пати повеќе од она што го прогнозираше министерот Венко Филипче.

„Но неспособната власт на Заев покажа дека не само што не умеат да се справат со здравствениот аспект од корона кризата, туку не умеат да се справат ниту со економската криза. Македонија е единствена земја во регионот во која пропаѓа банка исто како што сме единствени на врвот по заразени и починати на еден милион жители“, се наведива во партиското соопштение.

Во него се додава дека по изборите народот ја гледа сметката од, како што се вели, неспособното владеење на Заев.

„Сега граѓаните плаќаат 7,5% повисоки сметки за струја, сега пропаѓа банка, сега цената за откуп на грозје е катастрофална, сега излезе на виделина дека долгот пораснал за 1 милијарда евра за три месеци. Сега Македонија е меѓународна опасност за ширење на коронавирусот, сега се кажува дека немаат конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси кои ги донесе власта на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде нагласуваат дека Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане.