ВМРО-ДПМНЕ: Црните рекорди на Филипче продолжуваат; СДСМ: Мицкоски се обидува да дојде до евтини поени

29

И додека опозицијата бара оставка од Филипче, и вели дека со влада предводена од Заев и министер како Филипче, Македонија ќе бележи црни рекорди, од СДСМ кажуваат дека секаде во Европа има големи бројки на коронавирус, и дека Мицкоски се обидува да собере само евтини политички поени.

„Црните рекорди на Филипче продолжуваат.

И додека бројката на заразени се движи околу 30 проценти од бројот на тестирани во едно деноноќие, Филипче наместо да делува си тера пиар – носете маски.

Додека владата ја води Заев, а Филипче министерува со ресорот здравство ништо не помага.

И додека Заев и Филипче се држат само до носи маска, државите во Европа спроведуваат многу конкретни мерки.

Но, кај нас Заев и Филипче чекаат?! Така велат самите.

Додека Заев и Филипче чекаат и си ги тераат бизнисите, граѓаните се оставени сами на себе.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ вратија со соопштение:

„Во време кога есенскиот бран на пандемијата со коронавирусот ја тресе цела Европа, а сите напори се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните, само губитникот Христијан Мицкоски се радува и се обидува да спечали евтини политички поени за да си ја спаси фотелјата во белиот дворец.

Додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го и нивното и јавното здравје.

Наместо да организира „протести“, на кои и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи предизборното ветување и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формираше Влада.

Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему, ниту на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од СДСМ.