ВМРО-ДПМНЕ: Четири нови клинички центри, нова опрема и повисоки плати за медицинскиот персонал

33

Здравството е еден од главните столбови на нашата програма. Ветуваме изградба на четири нови клинички центри: клиничкиот центар „Мајка Тереза“, универзитетски клинички центар „8-ми септември“, кој би работел под административна капа на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, универзитетска клиничка болница – Штип и универзитетска клиничка болница Тетово, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лекарите и медицинските работници ќе добијат 20% повисоки плати. Специјализантите ќе имаат гарантирана плата и платени дежурства. Комплетно ќе се посветиме за здравство без хартија, со укинување на рецептите и пружање на услуги само со лична карта. Нудиме квалитет и сигурни резултати“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.