ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече амандманите на законот за државјанство

9

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, рече дека ќе ги повлечат амандманите поднесени на законот за државјанство. Истовремено, побараа опозициската коалиција Aлијанса – Aлтернатива да ги повлече сите амандмани поднесени за петтиот економски пакет мерки.

„Заради пазарењето на Заев и СДСМ и нивното лицемерие, граѓаните останаа без помош“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски.