ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го укинеме извршување на куќи и станови

32

Укинување на извршувањето на куќи и станови, е едно од предизборните ветувања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму, утрово преку соопштение наведуваат и дека се обврзуваат и на нулта толеранција на корупцијата и непотизмот во правосудството, ветинг во овој сектор, како и проверка на имотната состојба на носителите на јавни функции.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека во програмата предвидуваат и целосна гасификација на Македонија.

„Се обврзуваме на 285 километри магистрални гасоводи и бесплатен приклучок на гас“,велат од партијата.