Воведен карантин во Мелбурн, премиерот: Не можеме да го сузбиеме вирусот без силни мерки

8

Во вториот град по големина во Австралија, Мелбурн воведен е карантин. Властите се решија на овој потег за да го спречат ширењето на коронавирусот и нејзиниот втор бран, пренесува АФП.

Карантинот во градот ќе трае шест недели.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека од среда навечер луѓето мора да останат во своите домови, освен за работа, итни обврски, медицински третман или училиште.

Во домовите не смеат да се примаат гости, а училиштата во погодените области нема да ги отворат своите врати уште една недела, како што е предвидено со училишниот календар.

Се работи за држава во која се забележани 191 нов случај на коронавирус преку ноќта, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на кризата.

„Ова е неодржливо голем број нови случаи. На тоа ниво, невозможно е да се контролира вирусот без значителни мерки“, изјави тој пред новинарите.

„Местата што постепено се отвораа ќе мора да се вратат на исклучиво на систем за достава“, рече тој. „Другите бизниси што отворија ќе треба да се затворат“.

„За нас ќе биде голема работа да продолжиме да даваме поддршка“, додаде тој.