ВОДОВОД СКЛУЧУВА ДОГОВОРИ ЗА ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ НА ДОЛГОТ Граѓаните можат да аплицираат од денеска

9

Акцијата Ќе трае од 23.08.2021 заклучно до 01.10.2021, а граѓаните кои сакаат да ја искористат оваа поволност ќе треба да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот.

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ информира дека од денеска ја почнува акцијата за плаќање на долговите на граѓаните и фирмите на рати без камата.

Акцијата Ќе трае од 23.08.2021 заклучно до 01.10.2021, а граѓаните кои сакаат да ја искористат оваа поволност ќе треба да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот.

По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

Оттаму и со апел граѓаните при постата на просториите на ЈП „Водовод и канализација“ да ги почитуваат протоколите заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот.