Возел со 300 километри на час на Тик-ток, МВР го казни со 400 евра

101

Министерството за внатрешни работи објави дека со 400 евра е казнет тетовецот кој со „бмв“ на автопат возел со 300 километри на час и се снимал на социјалната мрежа „Тик-ток“.
„Вчера (18.02.2021) полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај го открила и санкционирала 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој управувал патничко моторно возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки и околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“, онјави МВР.
Полицијата дополнително информира дека, согласно законот, изречената парична глоба е 400 евра, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година.