Вознемирувачка снимка од Тирана: Полицаец го убил колегата во полициска станица, во него испукал шест куршуми

444

Заими по убиството се обидел да побегне, но набрзо бил уапсен.

Телевизијата „Euronews Albania“ објавила вознемирувачка снимка од надзорна камера на која се гледа како полицаецот Лудијам Заими убил колега во полициска станица во Тирана.

На снимката прво се гледаат неколку полицајци кои седат на своите бироа во полициската станица. Во еден момент полицаецот Чауш Салијани излегол од просторијата и седнал покрај влезната врата. Набрзо по него излегол и Заими, кој го извадил службениот пиштол и од него испукал најмалку шест куршуми.

Се наведува дека Заими го застрелал колегата во главата и телото. Тој по убиството се обидел да побегне, но го фатиле пред полициската станица во Тирана.

Засега не е познат мотивот за убиството.