Вознемирувачко видео: Бритни Спирс си го скрши стапалото додека танцуваше

77

Популарната пејачка Бритни Спирс (38), ја скрши ногата пред неколку дена, а сега објави видео од самата незгода во кое јасно се слуша како „пука“ нејзината коска.

38-годишната танчерка танцувала во студио, а откако се слушна вознемирувачкиот звук од кршењето, Бритни падна на подот и се фати за ногата. Таа веднаш по незгодата била хоспитализирана.

„Не сум танцувала 6 месеци, па баш бев возбудена. И да, знам дека сум боса… П.С. Се слуша како си го скршив стапалото, извинете, многу е гласно“, напишала Бритни покрај снимката.

„Те сакаме, оздрави побрзо“, „OMG побрзо оздрави“, „Ти посакуваме брзо опоравување, ангелу“, се дел од коментарите под вознемирувачкото видео.