Во Албанија трета жртва од ковид-19

16

Трет смртен случај од коронавирусот во Албанија. Албанското Министерство за здравство синоќа соопшти дека поради компликации предизвикани од Ковид-19 починал 71-годишен маж. Пациентот починал во болница во Тирана, каде што бил сместен пред една недела, и имал напреден карцином на белите дробови покрај коронавирусот.

Во Албанија 89 луѓе се заразени со новиот коронавирус, атројца се излекувани.