Во Битола изожба „Монодиоптрија“ на фотографот Диоген Хаџи-Коста Милевски

1

НУ Центар за култура-Битола, во предвечерието на меѓународниот фестивал на монодрама, организира изложба „Монодиоптрија“ чиј автор е фотографот Диоген Хаџи-Коста Милевски.

Изложбата Монодиоптрија е визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година и содржи 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актери, во монодрамите одиграни на сцените на фестивалот во изминатите години.

Отворањето на изложбата е закажано за вечер од 19.30 часот во фоајето на НУ Центар за култура Битола и е овозможено со финансиска поддршка на Министерството за култура.