Во болниците каде се третираат пациенти кои се позитивни или суспектни на ковид-19 сместени се 1 296 пациенти, а има околу 160 слободни кревети, покажува денешниот пресек на Министерството за здравство.
„И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат оттаму.
Од нив, околу една третина се во Скопје, додека во ковид-центрите во внатрешноста има 833.
Според извештајот од Министерството за здравство, најмногу пациенти има во болницата во Куманово – 120. Над сто има и во Прилеп – 114 и во Охрид – 110.
Во болницата во Струмица лежат 79 пациенти, во Битола 63, во Велес 61, во Штип и Гостивар по 57, во Тетово 46, во Струга 29, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, а во Гевгелија 16 лица позитивни на коронавирусот.