Во Бразил скоро 40.000 новозаразени

19

Бразилското Министерство за здравство објави дека се потврдени 39.436 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.

Ова е второ најголемо дневно зголемување на бројот на новозаразени од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број потврдени случаи во земјата сега е 1.145.906, јавува Си-Ен-Ен.

Од вирусот во последните 24 часа починале 1.374 лица, а вкупниот број на смртни случаи достигна 52.645.

Најголем број новозаразени во Бразил се пријавени на 19 јуни – 54.771, а најголем број смртни случаи на 4 јуни, кога починале 1.473 лица.

Бразил има најголем број потврдени случаи на коронавирус во Латинска Америка и е на второто место во светот по бројот на заразени и бројот на починати, по САД.