Во Бразил ќе се тестира вакцина за COVID-19

26

Потенцијалната вакцина за новиот коронавирус, што ја разви кинеската фирма Sinovac ќе се тестира во 12 истражувачки центри во шест бразилски држави, изјави синоќа гувернерот на бразилската сојузна држава Саун Пауло, Жоау Дорија.

Тој додаде дека тестирањето на вакцината треба да биде одобрено од локалната здравствена агенција.

Покрај во Саун Пауло, предвидено е вакцината да се тестира на вкупно 9.000 волонтери и во Бразилија, Рио де Жанеиро, Минас Жерајсу, Рио Гранде до Сул и Парана.

Резултатите од студијата се очекуваат следната година.