Во Британија поради омикрон подигнат степенот на тревога, Џонсон ѝ се обрати на јавноста (ВИДЕО)

8

Британскиот премиер Борис Џонсон во неделата вечер ѝ се обрати на јавноста со претходно снимена изјава по воведувањето на вонредна состојба во земјата поради омикрон варијантата на вирусот.

„Никој не треба да се сомнева во тоа дека ни пристигнува силен бран на омикрон. Се плашам дека сега е јасно дека две дози вакцина едноставно не се доволни за нивото на заштита што ни е потребна на сите“, рече Џонсон.

„Веднаш примите бустер доза од вакцината. Секој на возраст над 18 години во Англија ќе добие шанса да прими бустер доза пред Нова година“, додаде тој.

„Секое возрасно лице во Англија од утре може да прими бустер доза доколку ја примил втората доза пред повеќе од три месеци“, изјави британскиот премиер.