Во Бугарија од четврток со задолжителен негативен ПЦР

4

Македонците од четврток, 20-ти јануари ќе можат да влезат во Бугарија со приложување валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест.

Поради влошената епидемиолошка ситуација, Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Бугарија е исто така во лоша епидемиолошка ситуација со ковидот. Само вчера биле регистрирани нови скоро 10 илјади случаи, од кои повеќе од половината, односно 79% не се вакцинирани.