Во виорот на паметењето “турбо-фолк “

107

Кога комунистите од опинчар ги завршија плановите за преименување на населбите во кои живеа Албанците во памтивека, започнаа да го спроведуваат планот за протерување на старите тетовци со исламска  вера и со албанска националност…, ги принудија тие да ги напуштат своите живеалишта, беа принудени да напуштат домовите, нивните градини и многу други простори … само да новодојдените да создадат или да градат престижни или ексклузивни населби за нивните семејства

Од Фадил Луши

Драги  пријател мој!  Од како решив да го одберам насловот за следната статија за пишување, уште на почетокот ми требаше да „исклучам“  секое мое предрасуда, мојот непристрасен и ценет  читател ќе го ставеше на „ саклет и сомнеж“, дали треба да “се чита“  или не оваа јавно мислење! Дека ова статија ќе се прочита директно, „во еден здив“, со други зборови, дека ќе се чита меѓу редици или меѓу редови, дека ќе се прочита само за „атарот“ на авторот на статијата, дека ќе се прочита на тој начин “површно“, а и ќе се „прочита“ само за да се „потроши“ времето бадијава…, дека читателите на печатот„ со добро или зло, ќе го заплеткува“, името на маалото„ ХАЈДУЧКО МААЛО “овде во Тетово со тоа на државата Република Македонија  „Северна“, како и на други имиња и прекари исмејувачки…, а останува во правото на секого да го стори тоа, особено тие кои имаат голема желба да го „научат“ моралот на пораката што ќе излези од ова наше „лошо пишување“! Вистина е, од оваа кратка, горчлива и збунета приказна, нема да ги исклучам и оние што не заслужуваат, немаат право да го стават својот задник во собранието на моите паметни и почитувани пријатели…, сите тие кои соработувале со освојувачите…, тие чии души сакаат да го стават носот таму каде што не треба и каде не им припаѓа, особено некои „сезонски патриоти“ кои денеска се обидуваат да ја „најдат влакната на мадињата на овенот и кај тестисите на аџии баба! “

Еднаш одамна, татко ми, со длабока тага, ми раскажа една вистинска случка за неговата „касаба“. Ми раскажуваше како се сеќавал на приврзаниците на комунизмот, кога тие ја вршеле власта или насилно им ја одземале слободата и независноста на Тетово и на Албанците кои тогаш живееле таму и во околина! Ми раскажуваше како комунистите дошле од селата каде, денеска на денот на Господа „кокошката јаде камен“, од селата каде,  ден денеска, „лисицата ја врши работата на поштарот“, од планинските села каде „Господ на луѓето од овие места им рекол: „Добра ноќ!“ (пријател  јас верувам дека тоа ќе го читаш како метафора, а не како виц (гачка)!)  Татко ми,  ми објаснуваше и за „настанот“, како комунистите насилно го рушеле од темелот „Џамијата на Чаршијата“, ми раскажуваше како се „сместиле“ во албанските маали, ми раскажуваше и за случката кога тие се виделе тука со кожни опинци, ми раскажуваше како тие немале „абер“ како „изгледа бела кошула на Албанецот со аристократски дух“,  ми објаснуваше за „нивните криви нозе, со чатал прсти и со деформирани и лоши нокти“…., ми раскажуваше како на комунистите во никој случај не им пасувале „ модерните ала франга чевли“…, со жалење ми кажуваше како комунистите, во тоа време, на сите Албанци, „им ги ставиле двете нозе во еден чевел!“ Ми кажуваше како комунистите доаѓале од селата со многу свињи и неписмени, отколку „ќеневи и нужници!“, ми објаснуваше за селата на комунистите, каде немаше ниту едно „купатило“ (бања), ми раскажуваше за комунистите кои мигрирале од селата каде никогаш не се слушнало албанскиот збор! Татко ми, ми го објаснуваше и „случката“ дека кога комунистите се појавиле тука, не што ги оцрнувале и сквернавеле сите имиња на населбите кои излегоа од нашето културно наследство, но исто така ги сменија или заменија со словенски имиња, со грди имиња, анонимни и исмејувачки прекари…, перверзни прекари од „лудило и неверник …,  злоупотребувајќи погрдно постојните имиња! Сите овие преименувања на албанските населби беа изрод на одредени стратешки планови каде беше вклучено измамата, грабежот …, како и многу други фашистички проекти, исто како тие духови на Србинот Васо Чубриловиќ!

Кога комунистите од опинчар ги завршија плановите за преименувањата на населбите во кои живееја Албанците од памтивек,  започнаа да го спроведуваат планот за протерување на старите тетовци, муслимани од албанска националност…, ги принудија да ги напуштат своите живеалишта, беа принудени да напуштат куќите, нивни градини и другите простори…, само да новодојдените да создаваат или да градат престижни или ексклузивни населби за нивните семејства, како што се: „ПРЖОВА БАФЧА“ (за семејства кои избегале од Егејска Македонија)…,  ги присилиле да се населат во предградието на нивниот град, само да комунистите ја градат таа неславна населба „ХАЈДУЧКО МААЛО“, маало посветена на шпионите, агентите на УДБ-а и тетовските искусни клептомани… , потоа ги заземале плодните земјишта на албанските земјоделци, само да се изгради населбата „ТЕТОВЧАНКА“ ( Тетовка “), каде ќе се населат  дојденците плачковци…, од кои поголемиот дел и припаѓал на не-албанската етничка група! И кога комунистите не беа сити со нивните глупости, со шовинизам, нивен злобен и провинциски национализам,  со нивните гнасни неправди и нивен опасен рецидивизам, тие почнаа да градат нови планови, планираат да ги срушат дворовите ма албанските куќи…, потоа ги тргнаа и резите на вратите на албанските куќи! Сите овие мрачни планови започнаа и завршуваа со помош на некои „чесни Албанци“ кои во тоа време не се спротивставуваа на овие анти-албански проекти, не што ги држеле затворени устите, туку некои од нив ги става нивните имиња и презимања на скандалозните решенија…, во замена за „сува коска“, за парче узурпирана земја од старите албански граѓани за изградба на малку поразлична куќа од другите…, потпис кој ќе се наградува од комунистичките владетели во врска со запишување на нивните деца на некој престижен факултет на Универзитетот во Скопје…, каде што албанските студенти во тоа време се броеја на прсти!

Драги пријател мој!  Јас сакам да верувам дека вие и мојот брат  ќе велите дека ова моја „пискавица“ (лошо пишување) наликува на онаа „археолошката карта“, без оглед што мојата визуелна и аудитивна меморија е претворена во „турбо-фолк!“ (koha.mk)