Во Грција приведени десетици лица поради убиството на полицаецот за време на одбојкарски натпревар во декември

3

Од рано утрово во тек е голема акција на Секторот за справување со спортско насилство на грчката полиција за пронаоѓање и апсење на лицата вмешани во нападот врз полицаецот, кој им подлегна на повредите за време на одбојкарски натпревар во Атина на почетокот на декември минатата година, јави дописничката од Атина.

Досега, како што информираа од полицијата, приведени се десетици лица и спроведени се претреси во голем број домови и возила.

Според грчките медиуми, приведени се најмалку 50 лица, а по уште толку се трага, кои се товарат и за други случаи на спортско насилство.

На 7 декември 2023 година пред пред спортска сала во атинска населба за време на одбојкарскиот натпревар Панатинаикос – Олимпијакос, 31-годишен полицаец беше сериозно повреден откако хулигани го нападнале со пиротехничко средство, кое го погоди во горниот дел од ногата и се запалил, а 20 дена подоцна ја загуби битката и почина.

За инцидентите, тогаш беа приведени 424 лица, уапсен беше 18-годишен кој го фрлил пиротехничкото средство, а по сериозната повреда на полицаецот, грчката Влада воведе вонредни мерки за справување со спортското насилство.