ВО ЖИВО: Километарска колона на „Блаце“ по укинувањето на ПЦР тестот

49

Километарска колони од возила забележани се попладнево на граничниот премин „Блаце“.

Имено, од денеска дозволен е влез на граѓаните на Македонија и Косово во двете земји без обврска за приложување на негативен ПЦР тест.

https://www.facebook.com/watch/?v=1009664532829556

Инаку, Владата вчера извести дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина сепак нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.