АД ЕСМ во изминатото деноноќие произведe 11 059 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за дополнителните снабдувања за училишта и други витални државни субјекти.
Како што соопшти Владата, во термоелектраните се произведени 8 454 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2 605 мегавати.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3 360 мегават часови електрична енергија.