Во источниот регион за 40% зголемено семејното насилство врз жените

10

Над 120 случаи, жртви на семејно насилство од Штип и регионот годинава побарале стручна помош од Невладината Организација “Ехо”. 85% од жртвите се жени, а само 8 случаи се мажи кои се жртви на други мажи.

Како резултат на Ковид Пандемијата, во источниот регион изминатава година за 40% е зголемено семејното насилство врз жените и девојчињата.

Последиците од Ковид кризата допрва ќе излегуваат на виделина, а една од нив е и појавата на нови видови на насилство, како што се интернет демнењето, насилство на работно место врз жени и тоа колку од претпоставени, исто толку и од соработници, насилство во образование и на јавен простор.

Инаку, денес во Штип се одржа марш за борба против насилството врз жените, како дел од кампањата 16 дена активизам за борба против родово базираното насилство.