Во ковид-центрите во Скопје моментално се хоспитализирани 443 пациенти. Во последните 24 часа хоспитализирани се 43 нови пациенти, а отпуштени се 39 оздравени, покажува денешниот пресек на Министерството за здравство.
Во моментов најмногу пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника – 151 и во Градската општа болница „8 септември“ – 104.
Во Детската болница во Козле има 34 пациенти, од кои 4 деца и 30 возрасни.
На интерните клиники, пак, состојбата е следна: На Институтот за ТБЦ има 43 пациенти, на Клиниката за неврологија 30, на Нефрологија 25, на ОРЛ 22, на Кожната клиника 21, а на Клиниката за очни болести 13 пациенти.