Во ковид-центрите низ државата има 1.740 пациенти, во Скопје за еден ден примени 81

13

Во болниците низ државата денеска има вкупно 1.740 ковид-пациенти од кои 698 се во Скопје, а 1.042 во другите градови. Утрово, според Министерството за здравство, имало околу 260 празни болнички кревети, а од нив 60 во Скопје.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа е хоспитализран 81 нов пациент. На Интерните и хируршки клиники имало 40 приеми, во ГОБ 8 Септември се примени 16 нови пациенти, 6 на Инфективната клиника, во Козле биле примени 3 нови болни, на Клиниката за детски болести 12 пациенти, а четворица нови пациенти се примени во Институтот за физикална медицина. Дома се пуштени 58 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, на Клиниката за инфективни болести има 147 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти, на Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид-19, на ГАК има 7 позитивни пациентки, а во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болни.

Од болниците низ државата најмногу ковид-пациенти има во Прилеп-136 и во Битола-125. Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во ковид-центарот во Гостивар 47, во Струга 20 болни, во Струмица хоспитализирани се 118 пациенти, во Кочани 35, во Кичево 36, Кавадарци 70 и во Гевгелија 24 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.