Во кумановско изминативе 24 часа се почитувале мерките за самоизолација

На територијата на општина Куманово во последните 24 часа мерка за медицински надзор и домашна самоизолација е изречена за 140 лица, додека изолација по наредба на министерството за здравство е упатена до 82 лица.

14

Биле контролирани 207 граѓани во домашна изолација и притоа не биле констатирани прекршувања на мерката.

Исто така, била извршена контрола на 31 странско возило, од кои 20 на територијата на Крива Паланка, 8 во Ранковце и 3 во Куманово.