Во Македонија нема да има спорт викендов, поради коронавирусот се одложуваат сите мечеви?

7

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната владина седница ќе предложи да се одложат сите спортски настани поради страв за ширење на коронавирусот.

Утринава на прес-конференција тој истакна дека коронавирусот може да се шири на отворен и затворен простор, поглеми се шансите да се прошири во затворен простор.

Филипче ќе продолжи забраната на трае до следниот петок, со можност за продолжување или прекинување во зависност од тоа каква ќе состојбата со коронавирусот.

Се чека на седница на Владата овој предлог да биде прифатен или одбиен.

Викендов имаме голем број на настани во Македонија. Вардар игра против Монпеље, се играат мечевите од Првата и Втората фудбалска лига, како и кошаркарски средби.