Во понеделникот 251 лице во самоизолација се пријавило за гласање

11

251 лице кое е заразени со Ковид-19 или во самоизолација во понеделникот се пријавило за гласање на предвремените парламентарни избори.

Освен тоа, во истиот ден 5.288 болни и изнемоштени лица се пријавиле за гласање.

Гласањето на парламентарните избори на 15 јули ќе се одвива три дена, а на изборниот ден ќе биде продолжено за два часа и ќе трае од 19 до 21 часот.

На 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

На 14 јули ќе гласаат немоќните и болните лица, како и хронично болните и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите.

На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.