Во Сараево со нож убиен маж и повредена неговата сопруга, немале никаква врска со напаѓачите

17

Во Сараево синоќа, половина час пред полноќ, дошло до пресметка меѓу неколку лица во која маж бил избоден до смрт, додека неговата сопруга е повредена.

Според сараевскиот портал „Кликс“, човекот кој бил убиен и неговата сопруга, која е ранета, не учествувале во тепачката. Имено, според информациите што ги добиле од соседите, во населбата имало семејна кавга, по што едно лице побарало помош во дворот на убиениот.

Набргу потоа, во дворот на жртвата пристигнале и други актери во расправијата, по што дошло до тензии, а несреќниот човек добил смртоносна убодна рана од нож обидувајќи се да ги раздели луѓето кои меѓусебно се пресметувале. Неговата сопруга се здобила со убодна рана во грбот откако и таа притрчала за да му помогне на сопругот.

Брачната двојка има две малолетни деца.