Во Сиднеј ајкула уби пливач, плажите затворени првпат по 60 години

70

Неколку плажи во Сиднеј, Австралија, меѓу кои и светски познатите „Бонди” и „Бронте”, денеска беа затворени откако еден пливач загина во напад на ајкула.

Во близина на местото на нападот се поставени водени стапици за ајкули, додека во областа се распоредени и дронови. Нападот се случил вчера попладне на плажата „Литл Беј”, на околу 20 километри јужно од Сиднеј, во заливот Ботани.

Полицијата сѐ уште не го открива идентитетот на пливачот.

Одделот за примарна индустрија во Нов Јужен Велс соопшти дека биолозите веруваат дека се работи за бела ајкула долга најмалку три метри. Според наводите, ова е прв фатален напад од ајкула во Сиднеј од 1963 година.