Во Собранието стигнаа материјалите од Владата за францускиот предлог, без протоколот

2

Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година. Ова е насловот на собраниската интернет страница за материјалите кои денеска ги најави Владата.

Владата на денешната седница ја разгледала информацијата од МНР за предлог-преговарачката рамка за Македонија со ЕУ, претставена од француското претседателство и одлучила предлогот да го испрати до Собранието.

На интернет страницата на Собранието објавена е Информација за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на претседателството на Франција со Советот на ЕУ и Известување за нов материјал до пратеници – информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ, предложена од страна на претседателството на Франција со Советот. Вкупно 2 страници.

Суштинскиот дел од оваа документација, протоколот, и натаму го нема на увид пред македонската јавност.

Собраниската седница за ова се уште не е закажана.