Во сообраќајна несреќа со грчки туристички автобус во Букурешт загина едно лице, а тројца се сериозно повредени

18

 

Едно лице го загуби животот, а тројца се сериозно повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска во Букурешт со туристички автобус, во кој од Грција за Романија се превезувале 47 патници и еден возач, сите грчки државјани, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.

Од грчкото МНР објаснија дека според информациите од амбасадата на Грција во Букурешт и од Министерството за надворешни работи на Романија, 24 од патниците биле пренесени во локални болници за да им се пружи прва помош.

Тројца од нив тројца се хоспитализирани во сериозна состојба.