Во Србија најлош ден од почетокот на пандемијата: уште 7 мртви и 115 заразени

Во Србија во последните 24 часа од последици поврзани со коронавирусот умреле седум луѓе, а 115 се новозаболени, соопшти денес на редовна конференција за новинарите директорот на инфективната клиника во Белград, Горан Стевановиќ.

9

Тој истакна дека ова е најлошиот ден за Србија од почетокот на пандемијата, но дека се плаши дека следните денови ќе бидат уште полоши.

„Ова е резултат на непочитувањето на донесените мерки, и ако продолжиме вака неодговорно да се однесуваме, Србија ја чека сценариото на Италија и Шпанија, а не постои здравствен систем што ќе може тоа да го компензира“, кажа Стевановиќ.

Бројот на починатите во Србија од состојби поврзани со коронавирусот се искачи на 23.