Во Србија почнува вакцинацијата против коронавирусот

31

Денеска во Србија, како што вчера најави српскиот претседател Александар Вучиќ почнува вакцинацијата против коронавирусот во домовите за стари лица. „Тие се најзагрозената категорија, па затоа почнуваме со нив. Кога ќе ги погледнете сите бројки и проценти, има и помлади луѓе кои долго чекале, особено мажи, но убедливо најголем број се оние над 80 години“, изјави Вучиќ, оценувајќи дека вакцината е спас за човештвото.