Во Србија уапсија човек поради закани кон претседателот на таа држава

5

Српската полиција уапсило лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот на таа држава.

Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсен Д.М. од Сомбор поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е  Д.М. од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на МВР на Србија.

Вучиќ на социјалната мрежа Х изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо.