Во пресрет на 20 Септември – Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата, денеска во градинката „Виножито” во Струмица ќе биде најавен почетокот на реактивација на кампањата за рано откривање на децата со нарушен раст, која што ќе се спроведе во сите градинки во државава.
Настанот е поддржан од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, како и Клиниката за детски болести Скопје.
На настанот најавено е обраќање на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на претседателот на Здружение РАСТ, Александар Петровски и на доктор Александра Јанчевска од Клиниката за детски болести Скопје