Во тек е пријавувањето за 14 регионална манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ која е отворена за стрип автори од регионот, меѓу кои и македонски автори, а започна на 28 октомври и ќе трае до 9 ноември годинава.

5

Манифестацијата се одржува во сабота, 11 ноември 2023 година од 12 часот и ќе трае до следниот ден 12 ноември 2023 до 12 часот, информира Томе Трајков, програмски координатор на Стрип центарот на Македонија-Велес, кој е македонски координатор за оваа манифестација

Тој појаснува дека се црта во живо од  определени пунктови во градовите: Госпиќ , Херцег Нови, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб, а се овозможува  и  цртање од дома и објавување на  изготвени  стрип на  онлајн платформата https://www.24satnocrtanjestripa.com/

Како што истакна  Трајков, од страна на негови стрип  соработниците и пријатели од Хрватска била прифатена  неговата иницијатива за мобилизирање  на македонските стрип автори во оваа стрип манифестација.

-Што се однесува до организацијата, таа е спонтана и нема посебен организатор. На светско ниво ја создава реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб во 2010. Оваа акција низ годините бргу се проширува, вели Трајков.

Потенцира дека една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската истоветна акција, што се организира во месец октомври